Македонската индустрија ќе се зајакнува со вклучување на ИТ и науката

Bez autora
Mar 02 2011

Преку проектот "Иновациска политика на РМ 2012-2020", Министерството за економија ќе ја унапредува и зајакнува македонската индустрија преку вмрежување на науката, технологијата, дизајнот и иновациите. Подготовката на проектот стартуваше, а првата драфт-верзија се очекува да биде готова кон крајот на септември годинава. Документот ќе содржи и длабинска анализа на нивото на иновации и состојбата со иновативноста во Македонија, како и информации за најдобрите практики за политиките и програмите во оваа област. Проектот се реализира со финансиска и техничка помош од ОЕЦД во рамките на Повелбата за инвестиции за Југоисточна Европа и новиот регионален проект "Иницијатива за регионална конкурентност на Западен Балкан".

Македонската индустрија ќе се зајакнува со вклучување на ИТ и наукатаПреку проектот "Иновациска политика на РМ 2012-2020", Министерството за економија ќе ја унапредува и зајакнува македонската индустрија преку вмрежување на науката, технологијата, дизајнот и иновациите.

Подготовката на проектот стартуваше, а првата драфт-верзија се очекува да биде готова кон крајот на септември годинава.

Документот ќе содржи и длабинска анализа на нивото на иновации и состојбата со иновативноста во Македонија, како и информации за најдобрите практики за политиките и програмите во оваа област.

Проектот се реализира со финансиска и техничка помош од ОЕЦД во рамките на Повелбата за инвестиции за Југоисточна Европа и новиот регионален проект "Иницијатива за регионална конкурентност на Западен Балкан".

- Експертите од ОЕЦД во текот на годинава ќе се обидат да изработат квалитетен документ што ќе ги пресликува најдобрите практики во делот на иновациите од најразвиените економии во светот - рече заменик-министерот за економија, Методи Хаџивасков.

Тој посочи дека документот треба да даде одговор за можноста да се идентификуваат чинителите во делот на висококвалитетните индустрии кои имаат можност да канализираат средства за иновации и од нив да постигнат најдобри резултати.

- Документот треба да прецизира што треба да направи јавниот сектор за да одговори на барањата на приватниот сектор и истражувачките институти - додаде Хаџивасков.

Претставникот на ОЕЦД, Антоно Фанели потенцирајќи го искуството што го имаат на полето на иновациите, додаде дека преку имплементацијата на проектот во Македонија, кој има регионална компонента, организацијата ќе се обиде да се идентификуваат најзначајните полиња на иновациите за да бидат искористени во градењето на конкурентноста и унапредувањето на економијата.

- Работата ќе ни биде олеснета бидејќи во Македонија веќе има солидна основа на документи кои ќе можат да дадат придонес и од кои ќе се почне во изготвувањето на иновативната политика - рече Фанели и ги истакна веќе изготвената индустриска политика и неодамна презентираната иновативна матрица како основа за нивната натамошна работа.

Според него, квалитетот на документот ќе зависи од соработката меѓу јавниот сектор, науката, приватниот и стопанскиот сектор.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik